Обука за обука за развивање на креативноста и критичкото размислување во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“

Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 27.03-02.04.2022 година беше посетена обуката за развивање на креативноста и критичкото размислување во Љубљана, Словенија. Обуката беше реализирана од страна на на интернационален тренинг провајдер PRIMERA , Љубљана, Словенија. На обуката беа присутни наставници од нашето училиште: Валентина Петрова, Тања Јосимовска и Емилија Сарафилоска, како и наставници од Хрватска.

Цели на обуката беа:

  • стекнување со нови вештини и компетенции со кои ќе можат да се подобрат СТЕМ содржините и/или СТЕМ проекти во основните училишта;
  • стекнување со знаења како да се поттикне детската имагинација и природниот дар на поставување прашања преку спроведување на научен начин на размислување и научна методологија во нивните истражувања.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

 

Евалуација на проекти изработени во рамките на проектот Еразмус + KA229 проект “Поинакво образование во училницата во природа“

Проектите кои беа изработени во рамките на проектот​, беа презентирани на ден 02.03.2025 година, со почеток во 18.30 часот во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ Скопје.

На презентација беа присутни членовите на комисијата за евалуација на проектите и сите 7 (седум) тимови кои се составени од ученици и нивнините наставници ментори.

Редослед на тим /тема

ученици

Ментори

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

Христијан Јакимов IX-1​

Марко Боневски VI-6​

Натали Ценевска VII-3​

Лара Михајловска VIII-5​

Жаклина Колевска​

Ивана Ракиќ​

Тим 2

Значење на pH вредноста

Гаврил Азманов VII-2​

Александар Цветковски VII-1​

Марко Павлески VIII-4

Лолита Трајковска

Далибор Савески​

Тим 3

Природни pH индикатори

МартинНовески IX-5​

Maтеј Павловски IX-1​

СтефанГрковски VIII-1

Павел Зафировски VI-3

Елена Кузманова ​

Тим 4

Потикнување на здрав живот

Сара Стевановска IX-4

Исидора Павловска VII-3

Катја Миленковска IX-6

Миа Сидовска VI-6

Сандра Ноневска

Вангелица Поповска

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Анастасија Николова IX-3​

Марија Зечевиќ VII-3​

Анастасија Костова VI-6​

Весна Јорданова

Весна Стрезовска

Тим 6

Проект Милион Долари​

Јована Николовска VIII-6

Симона Грашкоска VII-5

Теодора Јовановска VI-5

Ангела Крстевска VI-1

Даниела Давковска ​

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

Марко Панчевски VII-4

Кирил Здравев VI-1

Олег Петровски VII-2

Петар Манџуковски VII-1

Донка Митева

Слободан Стаматовски

Комисијата, покрај следењето на презентациајата, имаше задача да изврши претходно разгледување на сите поставени матријали кои претходно беа доставени во поодделна папка за секој тим. Врз основа на критериумите дадени во аналитичката листа за вреднување на проектите, комисија изврши вреднување на секој тим поединечно:

Редослед на тим /тема

Поени од 4 членови од комисијата

Вкупно

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

10

11

11

11

43

Тим 2

Значење на pH вредноста

8

10

11

8

37

Тим 3

Природни pH индикатори

11

12

12

11

46

Тим 4

Потикнување на здрав живот

8

9

11

8

36

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

10

11

11

10

42

Тим 6

Проект Милион Долари

12

12

11

12

47

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

12

11

12

12

47

По извршеното бодирање, комисијата ги рангираше тимовите по следниов редослед:

Рангирање

Тим 7: Од отпад до храна!​

Тим 6:Проект Милион Долари

Тим 3: Природни pH индикатори

Тим 1: Ориентација во природа со нашиот компас ​

Тим 5: Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Тим 2: Значење на pH вредноста

Тим 4: Потикнување на здрав живот

Одбележување на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во нашето училиште беше организиран литературен настан под мотото „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“. Во рамките на настанот беа опфатени неколку активности.
Пред присутните настaвници и учениците, група ученици од IX одд. преку презентација го претставија историскиот развој на македонскиот јазик од почетокот на XX век па сѐ до кодификацијата на македонската стандарднојазична норма. Учениците од драмската секција изведоа куса драматизација за значењето и грижата за мајчиниот јазик од страна на учениците.
В.д. директорката м-р Магдалена Петреска им ги додели признанијата на наградените ученици за освоените места на минатогодишниот литературен конкурс за мајчиниот јазик, распишан во рамките на училишната библиотека, по што секој ученик ја прочита својата литературна творба посветена на мајчиниот јазик.
Наградени ученици:
I категорија – песна (поетска творба)
  • 1 место: Марија Кузмановска 6-1 одд.
  • 2 место: Јаков Павловски 5-5 одд.
  • 3 место: Лана Настевска 4-2 одд.
II категорија – есеј (прозна творба)
  • 1 место: Вероника Илијевска Тосковска 7-6 одд.
  • 2 место: Александар Цветковски 7-1 одд.
  • 3 место: Ванеса Димовска 8-5 одд.
Големиот Крсте Петков Мисирков за јазикот ќе рече: ,,Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е. Без јазик сме никој и ништо!”
Наша обврска е да го чуваме и милуваме мајчиниот јазик, затоа што тој е најцврстиот столб на нашиот идентитет и постоење, тој е наше културно обележје и наше духовно богатство дадено од прадедовците. Македонскиот јазик е единствен јазик и тој постоел, постои и ќе постои засекогаш.
Нека ни е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик!
Нека ни е вечен јазикот наш македонски!

Општински натпревар по физика

На општински натпревар по физика одржан на 11.02.2025 година организиран од ДФРМ, учениците Ана Радеска, Ива Бошеска, од 8-2 одд. и Анастасија Пецевска од 8-3 одд.Марко и Филип Бишкоски од 9-1 одд. и Даријан Атанасовски од 9-6 одд. се пласираа за учество на регионален натпревар.