All posts by Lazo Angelovski

Ликовни конкурси

Ученикот Дамјан Стефанов од IV - 3 одд. учествуваше во следните консурси и ги постигна следните резултати:

  • трето место - ликовен консурс по повод Европската недела на мобилност прганизирано од страна на Здружението на граѓани Еко Логик
  • специјална награда - на 25.12.2024 година за цртеж во Република Бугарија на меѓународниот конкурс “Роди се дете, син ни се даде” по повод Раѓањето Христово, организиран од страна на детското списание „Щъркел“ (Штрк)
  • второ место - на 07.01.2025 година на меѓународен божиќен конкурс во Република Србија во категоријата ликовна творба (дигитален цртеж “Христос се роди”) во програма Microsoft Paint.

Хуманитарната акција по мотото „Да ја збогатиме Божиќната трпеза на социјално загрозените ученици од нашето училиште“

На ден 30.12.2024 година во 11:00 часот се одржа доделувањето на паричите средства од Хуманитарната акција по мотото „Да ја збогатиме Божиќната трпеза на социјално загрозените ученици од нашето училиште“, која традиционално се реализира во нашето училиште и која ја организира Советот на родители. На настанот беа присутни: Сашо Стевановски, претседател на Советот на родител, Дона Коцевски, и Игор Павлески, претставници на Советот на родители.

Паричните средства кои беа собрани во висина од 122.920,00 денари и 5 евра беа рамномерно распределени на четири семејства на ученици од нашето училиште на кои најмногу им е потребна ваква помош во пресрет на празниците.

viber_image_2021-12-30_16-37-43-766

Признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари

Во знак на признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари, Општински противпожарен сојуз, Аеродром се доделени дипломи
  • втора награда - Мила Мавровска
  • трета награда - Филип Димчевски

Тркалезна маса на тема „Младите и медиумите“ во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 23.12.2024 година со почеток од 17:30 часот беше реализирана едночасовна Тркалезна маса на којашто разговараме на тема „Младите и медиумите“. Истате беше реализирана онлајн преку MS Teams платформата. Активноста е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“.

Сакаме да се позборува за состојбата со печатените и дигиталните медуми за деца и млади, потребата од нив, степенот и квалитетот на медиумската писменост кај децата и младите итн. За таа цел, нашите гости-учесници, стручни лица, имаа излагања на темата, секоја од својот домен на стручност и опфат:

  • д-р Жанета Трајкоска од ИКС (Институт за комуникациски студии) – квалитет на пласирани информации во медиумите, медиумска писменост во образованието, младите и медиумите, и сл.
  • м-р Филијана Кока, уредник во МТВ и потпретседател на Здружението на новинарите на РСМ – состојбата со телевизиска програма за деца и млади (филмски, сериски, документарни, интерактивни итн.);
  • г-ѓа Ксенија Трајчева-Маказлиева, уредник во редакцијата „Детска радост“ – печатени и дигитални списанија за деца и млади.

Настанот беше посетен од страна на членовите на медиумската секција од училиштето, наставници, ученици и нивни родители како и посетители од локалната средина и пошироко.

Отворен ден по Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето”

На ден 22.12.2024 во 12:15 часот (СРЕДА) за прв пат во нашето училиште се спроведе Отворен ден за Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето” подржан и инициран од тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Бирото за развој на образованието, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Учениците ги презентираа своите Училишните активности “Засади дрво,засадија својата иднина”, “Пријателство наместо насилство” и “Xуманитарна работилница по повод Нова Година”, кои беа реализирани со физишко присуство и онлајн на платормата Zoom. На настанот беа вклучени представници од БРО, наставници, стручна служба, ученици и родители.

Целта на активностите беше да се поттикне одговорноста на учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата, како и да се зајакне нивната иницијативност за превземање активности за позитивни промени. Истовремено активноста придонесе за промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште.