Daily Archives: 08/05/2025

Дисеминација на активностите од првата и втората ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 06.05.2025 година беше извршена дисеминација на активностите од првата и втората ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Првата ученичка размена беше реализирана во периодот од 21-25.03.2022 година на која училиште-домаќин беше ОШ „Доситеј Обрадовиќ“ од Чичевац, Србија. На оваа размена учествува 10 ученици од нашето училиште. Втората ученичка размена беше реализирана во прериодот од 11-15.04.2022 година на која училиште-домаќин беше нашето училиште. На оваа размена учествуваа 6 ученици од нашето училиште.

Ученици кои учествуваа на двете ученички размени одржаа дисеминацијата од активностите за време на двете размени на своите соученици од медиумската секција и ученици-преставници од генерациите V-IX одделение. Тие им го пренесоа дожувавањето на своите соученици од активностите во кои имаа можност да другаруваат со ученици од партнер-училишта од Хрватска, Србија и Романија.

Презентацијата од дицеминацијата од првата ученичка размена е достапна на следниот линк

Десиминација од прва ученичка размена на ученици во Чичевац, Србија

Презентацијата од дицеминацијата од втората ученичка размена е достапна на следниот линк

Десиминација од втора ученичка размена на ученици во Македонија