Во месец мај (7.05 и 14.5 2022 година) беа реализирани 2 работилници за развивање на креативноста и критичкото размислување на тема „Кога комплицираното станува забавно и лесно разбирливо“.
Темите опфатени во обуката беа:
- Запознавање со Љубљана и Примера
- Што е СТЕМ?
- Зошто науката е интересна?
- Како да се направи науката забавна?
- Учење базирано на експерименти
- Експеримент 1: Зошто пукаат пуканките?
- Како наставникот да ги мотивира учениците?
- (hands-on) Практичен приод во истражувањето
- Експеримент 2: Како правилно да се заштитиме од УВ зраци?
- Кои ресурси може да ни помогнат?
- Експеримент 3: Што ќе се случи со пламенот од свеќата?
-
Експеримент 4: Зошто лентите бегаат?
Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за креативност и критичко размислување во Љубљана, Словениа во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 27.03-02.04.2022 година и беа реализирани од страна на наставниците: Тања Јосимовска, Емилија Сарафилоска и Валентина Петрова.
Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници и стручни соработници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски“, како и наставници од училиштата од општина Аеродром и Кисела Вода. Работилниците беа посетени од вкупно 40 наставници.
Атмосферата за време на работилницатите на 7.5.2025 година
Атмосферата за време на работилницатите на 14.5.2025 година