- Навремено доаѓање на закажаното место за тргнување.
- Културно и пристојно однесување за време на патувањето во автобусот (остатоците и кесите од храна да се фрлаат на определеното место за отпад, да не се пеат песни со навредливи содржини по основa на верска или национална припадност).
- За време на посетите на знаменитостите да се почитува редот, а дисциплината да е на највисоко ниво.
- При разгледувањето и прошетките на градовите да нама одвојување од групата.
- При сместувањето во хотелските капацитети да се негува другарството, и да се почитуваат редот и мирот на другите гости во хотелот.
- За време на престојот во хотелот треба да се чува инвентарот (секоја ненамено или намерно направена штета се наплатува од сторителот).
- Да се почитува планот на предвидените дневни активности, а по нивното завршување, да се почитува времето за одмор (одморот започнува најдоцна од 24 часот).
- За време на екскурзијата се забранува пушење цигари, внесување алкохолни пијалоци и др. опијати.