Дисеминација од job-shadowing активност во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“
Во рамките на КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ беше реализирана job-shadowing активност во периодот од 13-17.09.2021 година во Бариеро, Португалија во училиштето-домаќин Santo André Schools Group (AESA) Од нашето училиште беа присутни 3 наставници: Емица Здравев, Анета Талеска и Далибор Савески.
На 23.09.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.
Наставниците кои учествуваа на мобилноста, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Десиминацијата беше реализирана онлајн преку платформата MS Teams.
Job-shadowing активност во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 13-17.09.2021 година беше реализирана job-shadowing активност во Бариеро, Португалија во училиштето-домаќин Santo André Schools Group (AESA) . Во активностите учествуваа следните наставници: Емица Здравев, Анета Талеска и Далибор Савески.
Цели на job-shadowing активноста беа:
- развивање и подобрување на менаџерските компетенции, особено подобрување на лидерските компетенции, набљудување на методите на подучување на европско и интернационално ниво вклучувајќи знаење и вештини за донесување на одлуки и решавање на проблемски ситуации како и способности за подобрување на интерперсоналните и тимските вештини;
- идентификување на модерни методи на подучување како што се CLIL методологијата и кодирањето;
- идентификување на начини за справување со конфликти особено справување со меѓуученичкото насилство;
- начинот на адаптација на учениците во нижите одделенија;
- развивање на соработката со ученицте, родителите и локалната средина.
Онлајн состанок со училиштето-домаќин за job-shadowing активноста
На 19.03.2025 година се одржа онлајн состанок со наставниците од училиштето-домаќин за job-shadowing активноста од Бареиро, Португалија. Поради настанатата ситуација со глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот, планираната job-shadowing активност ќе биде започната виртуелно преку онлајн активности. Целата на состанокот беше планирање и модифицирање на активностите во рамките на оваа мобилност за одржување на истите онлајн. Онлајн состанокот се реализираше со помош на апликацијата MS Teams, а од нашето училиште учествуваа координаторот за Еразмус+ проектите, Љубица Ружинска, и помошник директор, Милена Игнњатова.
Job shadowing активноста ќе овозможи развивање на следните компетенции кај учесниците:
- развивање и подобрување на менаџерските компетенции, особено подобрување на лидерските компетенции, набљудување на методите на подучување на европско и интернационално ниво вклучувајќи знаење и вештини за донесување на одлуки и решавање на проблемски ситуации како и способности за подобрување на интерперсоналните и тимските вештини;
- идентификување на модерни методи на подучување како што се CLIL методологијата и кодирањето;
- идентификување на начини за справување со конфликти особено справување со меѓуученичкото насилство;
- начинот на адаптација на учениците во нижите одделенија;
- развивање на соработката со ученицте, родителите и локалната средина.
Работилница „Наставници и родители - Градиме мостови“ (интерни обуки за наставници)
Во месец јуни-јули 2020 година беа реализирани 3 работилници за соработка со родители на тема „Наставници и родители - Градиме мостови“.
Темите опфатени во обуката беа:
- Што е училишна заедница? Улогите и целите на родителите и наставниците во образовниот систем
- Патување низ училиштето/училишната заедница. Што треба да земеме во предвид доколку сакаме да изградиме добра соработка/однос со родителите?
- Очекувања: што родителите очекуваат од наставниците, што наставниците очекуваат од родителите
- Како родителите и наставниците се доживуваат меѓу себе? - митови, стереотипи и предрасуди - анализа како да изградиме училишна заедница базирана на почит и човекови права
- Што не блокира / преставува проблем кога комуницираме со другите? Што ни помага при комуникацијата со другите?
- 4 принци (4 Agreements - Don Miguel Ruiz)
- Вовед во ненасилна комуникација (NVC)
- Жирафа или Чакал?
- „Јас порака“
- Што вообичаено прават наставниците за да имаат / остварат добар однос/комуникација со родителите?
- Активно слушање и преформулирање
- SWOT анализа - техника за анализаирање и подобрување на комуникацијата и соработката со родители
Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за соработка со родители во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 24-28.02.2020 година и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска и Весна Стезоска. При реализација на работилниците беа запазени мерките на претпазливост и заштита на ширење на Ковид 19 од страна на Владата на РСМ: групи на наставници не поголеми од 20 учесници, носење на заштитни маски, одржување на проширена социјална дистанца, паузи на секој саат и половина и редовна дезинфекција за време на паузите.
Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници и стручни соработници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’. Работилниците беа посетени од вкупно 60 наставници.
Атмосферата за време на работилницатите на 30.06, 01.07 и 02.07.2024 година.
Обука за соработка со родители во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Градеме нови мостови – размислувај надвор од кутијата“ во периодот од 24-28.02.2020 година беше посетена обуката за соработка со родители во Севиља, Шпанија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Весна Стезоска и директорот Перо Арсеновски.
Цели на обуката беа:
- подобрување на вештините и ресурсите за градење на конструктивни и позитивни односи со учениците и семејствата;
- начините да се препознаат потребите, стравовите и очекувањата на учениците и семејствата со цел да се развива довербата помеѓу сите субјекти;
- учење на специфични ресурси, техники и програми со кои би се подобрила комуникацијата во проблемските ситуации;
- начини за рабирање и менаџирање на чувствата, развивање на комуникацијата со учениците и родителите со цел создавање атмосфера на разбирање која се фокусира на изнаоѓање решенија на проблемите.
Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.
Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници
На ден 24.06.2024 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраните обуки, начинот на вклучување на наставниците во обуките како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истите. Подетални информации се достапни во следната презентација:
Добиен уште еден грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности
По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 5-ти Февруари 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште повторно се најде на листата за училишно образование . Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.
Во рамките на новиот одобрен проект под наслов „Градеме нови мостови - размислувај надвор од кутијата“ (New kind of bridges - out of the box) нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:
- обука за соработка со родителите и локалната средина и
- обука за развивање на креативноста и критичкото размислување
како и job-shadowing активност која има за цел:
- развивање и подобрување на менаџерските компетенции, особено подобрување на лидерските компетенции, набљудување на методите на подучување на европско и интернационално ниво вклучувајќи знаење и вештини за донесување на одлуки и решавање на проблемски ситуации како и способности за подобрување на интерперсоналните и тимските вештини;
- идентификување на модерни методи на подучување како што се CLIL методологијата и кодирањето;
- идентификување на начини за справување со конфликти особено справување со меѓуученичкото насилство;
- начинот на адаптација на учениците во нижите одделенија;
- развивање на соработката со ученицте, родителите и локалната средина.