Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ 2020-2022

Еразмус+ КА229 проект

„Поинакво образование во училницата во природа“

(Slow down education in the nature)

2020-2022

Copy-2-of-NA-Logo-H_MK-240909

Следете го нашиот проект на социјалните мрежи Facebook и Instagram

Лого на проектот

Учебна 2021-2022 година

Онлајн состанок на координатори

На 04.03.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Евалуација на проекти изработени во рамките на проектот Еразмус + KA229 проект “Поинакво образование во училницата во природа“

Проектите кои беа изработени во рамките на проектот​, беа презентирани на ден 02.03.2025 година, со почеток во 18.30 часот во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ Скопје.

На презентација беа присутни членовите на комисијата за евалуација на проектите и сите 7 (седум) тимови кои се составени од ученици и нивнините наставници ментори.

Редослед на тим /тема

ученици

Ментори

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

Христијан Јакимов IX-1​

Марко Боневски VI-6​

Натали Ценевска VII-3​

Лара Михајловска VIII-5​

Жаклина Колевска​

Ивана Ракиќ​

Тим 2

Значење на pH вредноста

Гаврил Азманов VII-2​

Александар Цветковски VII-1​

Марко Павлески VIII-4

Лолита Трајковска

Далибор Савески​

Тим 3

Природни pH индикатори

МартинНовески IX-5​

Maтеј Павловски IX-1​

СтефанГрковски VIII-1

Павел Зафировски VI-3

Елена Кузманова ​

Тим 4

Потикнување на здрав живот

Сара Стевановска IX-4

Исидора Павловска VII-3

Катја Миленковска IX-6

Миа Сидовска VI-6

Сандра Ноневска

Вангелица Поповска

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Анастасија Николова IX-3​

Марија Зечевиќ VII-3​

Анастасија Костова VI-6​

Весна Јорданова

Весна Стрезовска

Тим 6

Проект Милион Долари​

Јована Николовска VIII-6

Симона Грашкоска VII-5

Теодора Јовановска VI-5

Ангела Крстевска VI-1

Даниела Давковска ​

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

Марко Панчевски VII-4

Кирил Здравев VI-1

Олег Петровски VII-2

Петар Манџуковски VII-1

Донка Митева

Слободан Стаматовски

Комисијата, покрај следењето на презентациајата, имаше задача да изврши претходно разгледување на сите поставени матријали кои претходно беа доставени во поодделна папка за секој тим. Врз основа на критериумите дадени во аналитичката листа за вреднување на проектите, комисија изврши вреднување на секој тим поединечно:

Редослед на тим /тема

Поени од 4 членови од комисијата

Вкупно

Тим 1

Ориентација во природа со нашиот компас ​

10

11

11

11

43

Тим 2

Значење на pH вредноста

8

10

11

8

37

Тим 3

Природни pH индикатори

11

12

12

11

46

Тим 4

Потикнување на здрав живот

8

9

11

8

36

Тим 5

Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

10

11

11

10

42

Тим 6

Проект Милион Долари​

12

12

11

12

47

Тим 7

ОД ОТПАД ДО ХРАНА!​

12

11

12

12

47

По извршеното бодирање, комисијата ги рангираше тимовите по следниов редослед:

Рангирање

Тим 7: Од отпад до храна!​

Тим 6:Проект Милион Долари

Тим 3: Природни pH индикатори

Тим 1: Ориентација во природа со нашиот компас ​

Тим 5: Филтрирање на вода со употреба на природни материјали​

Тим 2: Значење на pH вредноста

Тим 4: Потикнување на здрав живот

Онлајн состанок на координатори

На 14.01.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Активности за поттикнување на здрав живот

Во периодот од октомври - декември 20201 година беа реализирани неколку активности за поттикнување на здрав живот, предвидени според активностите во проектот. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Работа на STEM секцијата (Fun science)

Во периодот од октомври - декември 2021 година за време на редовните средби на STEM секцијата (Fun science) во која беа вклучени 40 ученици од VI-IX одделение, се реализираа активности поврзани со имплементација на STEM предмети во природа. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу:

Дисеминација од активности од првата половина на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

На 05.11.2024 година, наставникот Даниела Давковска и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија дисеминација од активностите од првата половина на Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) пред Наставничкиот совет на училиштето.

На 25.11.2024 година беше направена дисеминација и пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени реализираните активности од првата половина на проектот.

Натпревар за проекти/истражувања на ученици на теми поврзани за здрав живот или СТЕМ

Дисеминација од виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица

На 22.10.2024 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска.

На 29.10.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста ги преставија активностите од виртуелната на останатите наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Исто така беа разгледани правилата за натпреварот на проекти/истражувања на учениците кои заеднички со сите партнер-училишта беа изработени за време на виртуелната мобилност и беше формирана Комисијата за евалуација на проектите која ќе биде составена од 4 членови: помошник директор, двајца наставнци од СТЕАМ секцијата и наставник-родител. На следниот состанок на СТЕАМ секцијата ќе бидат формирани групите на ученици кои ќе работат на проектите/истражувањата и ќе биде назначен наставни-ментор на секоја група.

Виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал

На 22.10.2024 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше нашето училиште, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Етонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Елена Кузманова, Даниела Давковска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams .

Во првиот дел од виртуелните активности сите партнер училишта ги презентираа реализираните активности од нивното училиште во рамките на проектот. Презентацијата од нашето училиште можете да ја погледниете подолу

Во вториот дел од виртуелните активности беше реализирана работна сесија во која учесниците заеднички работеа на критериумите за реализација на проекти/истражување на ученици кои ќе се реалзиараат во сите пратнер-училиште во периодот од ноември 2021 до март 2022.

Во третиот дел од виртуените активности беа презентирани добри пракси од нашето училиште како дел од job-shadowing активност. Презентацијата од оваа активност можете да ја погледниете подолу

Атмосферата од реализираните активности на 22.10.2024 година

Отворен час - пример на добра пракса (интегрирано учење математика и ФЗО)

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ на 08.10.2024 година беше реализиран отворен час, пример на добра пракса (интегрирано учење математика и ФЗО). Часот беше реализиран од страна на наставникот по математика, Елена Кузманова и наставникот по ФЗО, Петар Ацески, со учениците-членови на СТЕАМ секцијата (Fun science), а истиот беше посетен од останатите наставници-членови на секцијата (наставници по биологија, математика, физика, хемија и ФЗО).

Онлајн состанок на координатори

На 08.10.2024 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Посета на ХЕЦ „Матка“ во рамките на ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“

Во организација на предметниот наставник по физика Жаклина Колевска, на 05.10.2024 година се реализираше посета на ХЕЦ „Матка“, во која земаа учество учениците – членови на STEAM секцијата во соработка со наставниците Радмила Гиговска, Донка Митева и Даниела Давковска.

За време на посетата учениците поделени во групи заедно со водич од ХЕЦ „Матка“ го разгледаа едукативниот центар, притоа водичот им го објасни процесот на производство на електрична енергија, трансформација и дистрибуција до градската мрежа.

Посетата заврши успешно, учениците беа задоволни и добија насоки за изработка на индивидуални есеи во кои ќе ги опишат своите впечатоци од денешната научна активност.

Дисеминација од краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беше одржана мобилност како дел од краткорочна размена на група ученици во периодот од 19-23.08.2021 година на кои училиште-домаќин беше Stalgene Secondary School, Латвија. На мобилноста присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Латвија, Естонија Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 5 ученици: Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски.

На 24.09.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Учениците кои учествуваа на мобилноста, Христијан Јакимов, Марко Павлески, Сара Стевановска, Анастасија Николова и Матеј Павловски, ги преставија активностите од летниот камп на останатите ученици и наставниците членови на СТЕАМ секцијата (Fun science) од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Атмосферата од реализираната дисеминација на 24.09.2024 година

Прилагодување на училишната околина

Во рамките на проектот „Slow down education in nature“ (Поинакво образование во училницата во природа) од програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишна размена склучен помеѓу Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски“, со договор бр. 2020-1-LV01-KA229-07752_2 според одобрена проектна апликација KA229-8FFD27B7 од страна на Националната агенција од Латвија (LV01 Valsts izglītības attīstības aģentūra - State Education Development Agency) за потребите и целите на проектот предвидена е изградба на монтажна надворешна настрешница која покрива надворешен простор во дворот од училиштето во кој се наоѓаат монтажни маси и столчиња и училишна табла и ќе служи за потребите и целите на проектот. Финансирањето на прилагодувањето на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.) преку креирање на простор на отворено (во училишниот двор) во висина од 75% е покриено од средствата доделени за проектот (буџет на проектот) и 25% од страна на училиштето. Прилагодувањето на просторот во училишниот двор беше реализиран во периодот од април-септември 2021 година.

Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.

Дополнително прилагодениот простор во училишниот двор може да се користи за образовните потреби на училиштето особено во услови на Ковид-19 пандемијата според препораките предвидени во Протокол за постапување на основните училишта во РС Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година пропишан од страна на Министерството за образование и наука на РСМ.

Учебна 2020-2021 година

Краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во периодот од 19-23.08.2021 година беше реализирана краткорочна размена на група ученици во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“. Училиште-домаќин беше училиштето од Латвија Staļģenes Vidusskola, а во активностите учествуваат наставници и ученици од сите партнер-училишта во проектот: од Латвија, Естонија и Романија, како и 5 ученици и 2 наставници од нашето училиште.

Главна цел на летниот камп беше запознавање на сите партнер-училишта, државите и нивата култура и традиции и поттикнување на здрав животен стил користејќи го методот на учење преку проекти.

За време на летниот камп беа спроведени следните активности:

  • работилница за методот на учење преку проекти
  • работилници за промоција на здрав животен стил (здрава храна, физички активности, комункација, стрес менаџмент)
  • презентации на своите училиште, држави, традиции и обичаи
  • спортски активности во природа
  • STEM работилница во природа
  • локални прошетки поврзани со теми од предметите биологија, географија, историја и природни науки

Работа на STEM секцијата (Fun science)

Во периодот од февруари - јуни 2021 година за време на редовните средби на STEM секцијата (Fun science) во која беа вклучени 33 ученици од VI-VIII одделение, се реализираа активности поврзани со имплементација на STEM предмети во природа кои беа прилагодени за реализација онлајн (учење од далечина) поради ситуацијата со Ковид-19 вирусот. Примерите на добри пракси од реализираните активности можете да ги погледнете на линковите подолу.

Дисеминација од виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица во периодот од 26-28.04.2021 година на кои училиште-домаќин беше Palade Põhikool, Естонија. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 4 наставници: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска.

На 22.06.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Атмосферата од реализираната дисеминација на 22.06.2024 година

Виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал

Во периодот од 26-28.04.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ . Училиште-домаќин на виртуелните активности беше партнер-училиштето од Естонија, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Македонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams (26 и 28.04.2025) и апликација Zoom (27.04.2025).

Цели:

  • Запознавање со образовниот систем во Естонија
  • Запознавање со моделот на Slow Movement
  • STEM предмети надвор од училницата – претставување на можности за реализација на предметите надвор од учиницата (во природа) и прилагодување на училишната околина за имплеменатција на истите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.): размена на искуства и примери на добри пракси
  • Сумирање на на досега остварените проектни активности и исходи

Атмосферата од реализираните активности на 26.04.2025 година

Атмосферата од реализираните активности на 27.04.2025 година

Атмосферата од реализираните активности на 28.04.2025 година

Онлајн состанок на координатори

На 14.04.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Избрано логото за Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во периодот од 7-17.02.2021 година беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“. Конкурсот можете да го погледнете на следниот линк. На училишниот конкурс се пријавија 14 ученици со вкупно 17 изработки. Според насоките во конкурсот беа избрани три логоа што ќе ја претставуваат Македонија и нашето училиште. Истите можете да ги погледнете на следниот линк.

Во периодот од 6-11.04.2021 година следеше интернацоналното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалниот гласење се состоеше од избор од 15 логоа (по 3 логоа од секое училиште партнер во проектот). Логоата од сите партнер-училиште можете да ги погледнете на ФБ страната на проектот и на Инстаграм профилот на проектот. Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот, 5 наставници и 5 ученици.

По завршувањето на интернационалтото гласање, со најголем број на гласови беше избрано логото бр. 7 односно логото изработено од Стефан Игњатов IX-4 одд. од нашето училиште.

Онлајн состанок на координатори

На 1.04.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Онлајн состанок на координатори

На 26.02.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

 

Нашиот проект на еТвининг

Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот се 4 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Латвија, Романија и Естонија). Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите. еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/153244/home

Резултати од училишниот конкурс за лого за Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“

На училишниот конкурс се пријавија 14 ученици со вкупно 17 изработки. Според насоките во конкурсот само три изработки/ логоа продолжуваат понатаму да се натпреваруваат со логоата од останатите држави, партнери во проектот. Логоата што продолжуваат понатаму се:

1. Александар Цветковски VI-1

2. Стефан Игњатов IX-4

3. Марко Панчевски VI-4

3. Marko Panchevski VI4

Останатите ученици што учествуваа на конкурсот ќе добијат пофалници.

  • Матин Новески VIII-5
  • Христијан Јакимов VIII-1
  • Мартин Таневски VI-4
  • Матеј Павловски VIII-1
  • Деа Јаначковска VII-2
  • Мартин Митановски VI-2
  • Андреа Арсовска VII-2
  • Марија Зечевиќ VI-3
  • Андреј Костовски IX-5
  • Натали Ценевска VI-3
  • Матеј Богдановски VIII-2

Галерија со логоата од останатите ученици

Честитки на сите учесници за одличните изработки, а на логота што продолжуваат понатаму им посакуваме успех на интернационално ниво.

Конкурс за лого за ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“

За потребите на проектот ЕРАЗМУС + КА229 „Поинакво образование во училницата во природа“ се распишува конкурс за изработка на лого на проектот. На овој училишен конкурс може да учествуваат учениците од VI- IX одделение. Изработките треба да се придржуваат до одредени правила.

Пропозиции:

1. Логото може да биде изработено на два начина:

  • Нацртано на хартија со големина најмалку А5 формат (хартијата треба да биде мазна, препорачливо е да се користи хартија за принтање). Цртежот треба да биде скениран (не фотографиран)
  • Дигитално лого (екстензија/формат: x.jpg; x.png, logo on transparent background)

2. Текстот во логото треба да биде на англиски јазик. Ве молам внимавајте на буквите и нивната големина, тие треба да бидат јасни и читливи.

3. Логото на проектот треба да асоцира на идејата на самиот проект. На следниов линк можете да најдете детали за проектот. (http://oulazoangelovski.com.mk/?p=7802 )

4. Логото треба да ги содржи државните знамиња на сите четири држави партнери во проектот (Македонија, Естонија, Латвија и Романија).

5. Од сите изработени логоа ќе бидат избрани најдобрите 3 коишто ќе се натпреваруваат со останатите логоа од другите држави, партнери во проектот.

Изработените предлози треба да бидат испратени на мејлот на со назнака „за училишниот конкурс за лого“, најдоцна до 17.02.2021год.

** за подетални информации обратете се кај наставници по математика, природни науки, биологија, хемија и/или физика.

Презентација на проектот

На 27.01.2025 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на одобрениот КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature) пред Наставничкиот совет на училиштето.

На 17.12.2024 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.

Онлајн состанок на координатори

На 22.01.2025 година беше одржан редовен онлјан состанок на координаторите од сите четири училишта-партнери во проекот. Активностите дискутирани за време на состанокот се дадени во презентацијата подолу

Поставено Еразмус+ информативно пано

Во училишната аула е поставено Еразмус+ информативно пано посветено на проектните активности.

Воведен состанок во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Според проектната апликација на почетокот на месец декември 2020 година беше предвиден да се одржи воведен состанок (Kick off meeting) во Латвија, но поради ситуацијата со глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот истиот беше реализиран онлајн преку Zoom апликацијата.

Воведниот состанок беше реализиран во два дена, првиот дел на 4.12.2024 и вториот дел на 11.12.2024 година.

За време на првиот дел, на 4.12.2024 година, прво се обратија директорите и помошник директорите на секое партнер-училиште, а потоа следеше презентација на секое партнер-училиште преку видео или презентација. Нашето училиште беше презентирано од страна на нашиот помошник директор, Милена Игњатова преку онлајн презентација.

Потоа Еразмус+ координаторот од нашето училиште, Љубица Ружинска, имаше работна сесија со останатите учесници на состанокот на која се претстави платформата еТвининг и начинот на работа во рамките на TwinSpace делот во кој треба да биде започнат еТвининг проектот во рамките на КА229 проектот.

За време на вториот дел од воведниот состанок, на 11.12.2024 година, следеа следните активности:

  • работа со Google Drive, реализиран од страна на помошник директор, Милена Игњатова
  • план за публикација и десиминација, реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Романија
  • вовед во делот за евалуација (процес за евалуација и формулари), реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Естонија
  • проектен план на активности, одговорности и рокови за периодот декември 2020 - јануари 2021, претставен од страна на претставник од партнер-училиштето од Латвија
  • договор и активности за следен состанок преку Zoom апликацијата во јануари (прашалник за ученици, правила за конкурост за избор на лого на проектот)

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 23-ти април 2020 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Латвија ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 31.618 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Одобрениот проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature), ќе се рализира во периодот од ноември 2020 до ноември 2022 година. Училиште-координатор на проектот е “Staļģenes Secondary School” од Латвија, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Liceul Tehnologic Topoloveni” од Романија и “Palade Põhikool” од Естонија.

Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.

Проектни активности и резултати:

  • преставување на концептот на”Slow Movement” во училиштето
  • избор на теми од STEM предметите кои можат да се изучуваат во природа (надвор) – имплементација на 20 часови по STEM предметите во природа, собирање на повратна инфомација од учениците, претставување на примери на добри пракси
  • интегрирано изучување на STEM предемти во природа (STEM + спорт + јазик) – 4 работилници за подготовка на часови, имплементација на најмалку 4 часови во секое партнер-училиште, претставување на примери на добри пракси
  • прилагодување на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.) преку креирање на училница на отворено (лабараторија во училишниот двор)
  • креирање на воннаставни активности кои ќе поттикнат здрав животен стил, подготовка на барем 1 воннаставна активност со група на ученици во секое партнер-училиште
  • натпревар за спроведено истражување со ученици на тема здрав живот или STEM (вкупно 20 поректи од групи на ученици - 3 до 4 ученици во група)
  • вклучување на учениците во организирање на активности за други ученици и родители кои промовираат здрав живот – најмалку 4 настани во секое парнер-училиште
  • едуцирање на учениците за здрав живот – организирање на најмалку 3 воннаставни активности во секое партнер-училиште, 1 интернационален камп, совети и примери на добри пракси за активности надвор без употреба на смарт апарати (телефони, таблети…)
  • креирање на е-книга – сите материјали од проектот ќе бидат собрани во една е-книга како алатка која ќе биде достапна за користење од страна на сите кои сакаат да имплементираат слични активности со своите ученици
  • 3 мобилности за тренинг на наставници (Естонија, Македонија, Романија)
  • 3 ученички размени (Латвија, Естонија, Македонија)