ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
ВО УЧИЛИШТЕТО
ПОЧИТУВАН УЧЕНИКУ,
ОВИЕ ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ЌЕ ГО ПОДОБРАТ КВАЛИТЕТОТ НА УЧИЛИШНИОТ ЖИВОТ СО ШТО СИТЕ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОБЕЗБЕДНО И ПОПРИЈАТНО ВО УЧИЛИШТЕТО
- Во училиштето доаѓај редовно навреме;
- Биди пример со твоето пристојно и удобно облекување;
- Води грижа за својата лична хигиена;
- Води грижа за хигиената во училишните простории и училишниот двор, отпадоците фрлај ги во корпа;
- Чувај го училишниот имот, за направената штета ќе бидеш одговорен;
- Подгответе ја училницата за час, а по завршување на часот, училницата оставете ја уредна, без отпадоци и проверете дали сте заборавиле нешто;
- Разубавете ја училницата, направете пријатен амбиент за учење;
- Биди подготвен, внимателен и активен на часовите;
- Секогаш кога нешто не ти е јасно прашај го наставникот;
- Барај да бидеш јавно оценет и секогаш да го знаеш резултатот од својот труд;
- Сослушувај, кажи го своето и почитувај го мислењето на другиот;
- Биди искрен и добар другар, помогни му секогаш кога е во неволја;
- Времето што го поминуваш во училиште нека ти биде исполнето со многу нови сознанија и убаво другарување;
- Твоето мислење и твоите предлози остави ги во сандачето за предлози и забелешки.