Правилник за однесување на вработените

ОСНОВНИ ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

НА ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНОИОТ КАДАР

ВО УЧИЛИШТЕТО

ЦЕЛТА НА ОВИЕ ПРАВИЛА Е ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПОЗИТИВНА КЛИМА ЗА ПОДОБРА И ПОКВАЛИТЕТНА РАБОТА ВО УЧИЛИШТЕТО

 

Воспитно – образовниот кадар треба да се насочува кон:

  • Перманентно подобрување на сопствената работа и работната средина;
  • Професионален однос
  • конструктивно справување со конфликти
  • почитување на индивидуалните разлики и мислења
  • одржување на работната етика
  • позитивна коректна комуникација (вербална и невербална)
  • практикување на тимската работа
  • својата позиција да не се користи за лични интереси
  • соодветен професионален естетски изглед и однесување

 

Воспитно – образовниот кадар во комуникацијата со учениците треба да:

  • ја почитува личноста на ученикот;
  • воспоставува отворена, искрена и јасна комуникација;
  • го сослушува и почитува мислењето а ученикот;
  • биде чувствителен за потребите на учениците согласно со нивната возраст;
  • биде објективен, одговорен и коректен во педагошката комуникација со учениците;
  • се грижи за безбедноста, менталното и физичкото здравје на учениците;
  • ја следи перманентно активноста, развојот и постигнувањата на учениците.

 

Воспитно – образовниот кадар треба да воспостави партнерски однос со родителите преку:

  • коректна педагошка комуникација;
  • посветување време, сослушување, доверливост, флексибилност, објективност и толерантност;
  • навремено објективно информирање за постигнувањата и однесувањето на ученикот;
  • подготвеност за заедничко решавање на проблемите на учениците;
  • дискреција и ненавлегување во приватноста на семејствата на учениците;
  • градење на авторитет и углед надвор од училиштето.