Општинскиот натпревар по математика
Општински натпревар по физика
На општински натпревар по физика одржан на 11.02.2025 година организиран од ДФРМ, учениците Ана Радеска, Ива Бошеска, од 8-2 одд. и Анастасија Пецевска од 8-3 одд.Марко и Филип Бишкоски од 9-1 одд. и Даријан Атанасовски од 9-6 одд. се пласираа за учество на регионален натпревар.
Општински натпревар по природни науки и биологија
На Општинскиот натпревар по природни науки кој се одржа на 11.02.2025 година и биологија кој се одржа на 9.02.2025 година нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
IV одделение
- Јаков Насторовски IV-1 освои I место, (Ментор: Емилија Христова)
- Јована Крстевска IV-1 освои пофалница, (Ментор: Емилија Христова)
- Стефан Радевски IV-2 освои II место, (Ментор: Анета Димовска)
- Дамјан Сековски IV-2 освои II место, (Ментор: Анета Димовска)
- Војдан Ѓорѓиевски IV-2 освои III место, (Ментор: Анета Димовска)
- Сара Богатинова IV-3 – II место (Ментор: Лидија Божиноска)
- Мила Колевска IV-3 – II место (Ментор: Лидија Божиноска)
- Леа Драмиќанин IV-3 – III место (Ментор: Лидија Божиноска)
- Филип Цоковски IV-4 освои II место, (Ментор: Марија Митева)
- Александар Јакимовски IV-4 освои III место, (Ментор: Марија Митева)
- Јана Пашоска IV-4 освои III место, (Ментор: Марија Митева)
- Филип Панајотов IV-5 освои I место, (Ментор: Светлана Јосифоска)
- Филип Трифунов IV-5 освои III место (Ментор: Светлана Јосифоска)
- Стефан Трајковски IV-5 освои III место (Ментор: Светлана Јосифоска)
- Кристијан Доцевски IV-6 освои II место (Ментор: Билјана Спасовска)
- Мишо Рогачиќ IV-6 освои III место (Ментор: Билјана Спасовска)
Противпожарен сојуз на град Скопје
На 10.2.2025 година на свечениот повик за доделување на дипломи и награди во организација на Противпожарниот сојуз на град Скопје нашето училиште освои III место за изработка на ликовна творба од страна на ученичката Мила Мавровска и диплома за менторот/наставник Теодора Јовановска, за постигнати резултати во едукација на учениците и подигање на јавната свест за заштита на граѓаните.
Ликовни конкурси
Ученикот Дамјан Стефанов од IV - 3 одд. учествуваше во следните консурси и ги постигна следните резултати:
- трето место - ликовен консурс по повод Европската недела на мобилност прганизирано од страна на Здружението на граѓани Еко Логик
- специјална награда - на 25.12.2024 година за цртеж во Република Бугарија на меѓународниот конкурс “Роди се дете, син ни се даде” по повод Раѓањето Христово, организиран од страна на детското списание „Щъркел“ (Штрк)
- второ место - на 07.01.2025 година на меѓународен божиќен конкурс во Република Србија во категоријата ликовна творба (дигитален цртеж “Христос се роди”) во програма Microsoft Paint.
Ликовен конкурс
Во рамки на проектите „Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Кочани, Здруженијата „Еко Тим Исток“ – Кочани и „ЕКОЛАЈФ“ - Гевгелија електронски спроведоа ДРЖАВЕН КОНКУРС за избор на најдобра творба на тема: „Да, за рециклирање на пластика“ кој беше наменет за ученици од основно образование, и поделен на две категории:
- Избор на најубав цртеж за ученици од прво до петто одделение;
- Избор на најубава творба од реупотребено отпадно ПЕТ пакување за ученици од шесто до деветто одделение.
Во категорија најубав цртеж беше награден и ученикот :
Теофил Сачкарски – IV-4 одделение освои второ место
Ментор: Марија Митева
Признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари
- III место - Мартин Секуловски и Горјан Крчески IV-4 одд
- втора награда - Мила Мавровска
- трета награда - Филип Димчевски
Литературен конкурс на тема „Мојата најомилена книга“
Во месец декември 2021 на литературниот конкурс на тема „Мојата најомилена книга“ организиран од страна на ЈУ Градска библиотека „Браќа Милединовци“, Скопје
- Елена Велкоска од VIII-4 одд. освои прво место
- Симона Рајковчевска IV-2 III место (Ментор: Анета Димовска)
- Филип Цоковски IV-4 - II место, (Ментор: Марија Митева)
- Јана Ѓорѓиевска IV-4 - II место, (Ментор: Марија Митева)
- Филип Панајотов IV-5 - II место, (Ментор: Светлана Јосифоска)
- Каан Елмаз IV-5 - III место. (Ментор: Светлана Јосифоска)
Ликовен конкурс „13-ти Ноември“
На ликовниот конкурс „13-ти Ноември“ организиран од Детскиот ликовен центар, нашите ученици ги освоија наградите:
Одделенска настава:
Прво место
- Горјан Крнчевски IV-4 одд
- Ева Доневски V-5 одд
- Јована Радосављев IV-1 одд
Второ место
- Мила Колевска IV-3 одд
- Нина Петрушевска I-5 одд
Трето место
- Миа Дујовска I-5 одд
Предметна настава:
Прво место
- Анџела Стамкова VIII-2 одд
Трето место
- Давид Атанасов VI-5 одд
Стручна работилница на уметничка фотографија
На стручната работилница на уметничка фотографија одржана во ноември 2021 година во организација на ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР, градско здружение на ликовни педагози, учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резулатати:
- Јаков Павловски V-5 одд. освоено I место
- Андреј Тошевски V-5 одд. освоено I место
- Тео Велески V-5 одд. освоено II место
- Јана Станковска V-5 одд. освоено II место
ментор Роберта Јордановска
Ликовен конкурс „11-ти Октомври“
На ликовниот конкурс „11-ти Октомври“ организиран од страна на Детскиот ликовен центар учениците од нашето училиште ги постигаа следните резулати:
прво место
- Дамјан Нанунов IV-5 одд.
- Јана Станковска V-5 одд
- Јована Радосављев IV-1 одд
второ место
- Лика Денковски IV-4 одд.
- Татјана Тасев I-5 одд.
трето место
- Филип Трифунов IV-5 одд.
Nasa Space Apps Challenge
На 2-3.10.2021 година на државниот натпревар Nasa Space Apps Challenge 2021 хакатон во чии рамки се одржува и Nasa Kids&Youth Challenge на кој ученичката Меланија Цветкоска IV-4 одд. (Ментор: Марија Митева) освои II место и доби статуетка и диплома, а на истиот натпревар добија пофалници за учество во финалето и за одлично презентирање на нивните изработки: Марија Петрушевска, Андреј Трајановски, Калина Антоноска, Љупчо Ристовски, Тео Марков IV-4 одд, (Ментор: Марија Митева) и Мишо Рогачиќ IV-6 одд. (Ментор: Билјана Спасовска). Изработките и цртежите од сите ученици беа изложени на завршната изложба која се одржа во компанијата Netcetera во City Mall.
33-ти меѓународен ликовен конкурс
На 33-тиот меѓународен ликовен конкурс во Турција во организација на Мизуал Арт, на кој учествуваа 3750 натпреварувачи, 266 ментори-наставници од 27 земји учениците од нашето училиште ги освоија следните награди:
- III место, диплома и бронзен медал - Марија Петрушевска IV-4 одд (Ментор: Марија Митева)
- дипломи за изложени цртежи на изложбата во Турција - Лука Денковски, Калина Танеска, Калина Антоноска IV-4 одд (Ментор: Марија Митева), Лара Митевска IV-2 одд (Ментор: Анета Димовска), Мила Павлевска, Стефан Трајковски, Дамјан Наунов, Михаела Митева, Филип Трифунов IV-5 одд, (Ментор: Светлана Јосифоска), Калина Мицкоска, Мишо Рогачиќ IV-6 одд. (Ментор: Билјана Спасовска)
Европската награда за иновативна настава (ЕИТА)
Европската комисија започна нова иницијатива во областа на училишното образование - Европска награда за иновативна настава (ЕИТА). Наградата има за цел да презентира најдобри наставни практики спроведени во рамките на Еразмус+ Програмата, и да искаже благодарност до наставниците и нивните училишта кои дале голем придонес во развојот на наставничката професија. Европската награда за иновативно учење ќе ја нагласи важноста на европската соработка во областа на образованието како и создавањето на европска образовна област во периодот до 2025 година.
Специфични цели на Европската награда за иновативна настава (ЕИТА) се следните :
- да се истакнат достигнувањата на наставниците и училиштата и да се даде поголема видливост на нивната работа;
- да се идентификуваат и промовираат најдобрите практики за настава и учење;
- да се поттикне меѓусебното учење помеѓу наставниците и училишниот персонал и
- да се истакне вредноста на програмата Еразмус+ за европска соработка со наставници.
Има четири категории за Европска награда за иновативна обука:
- Едукација и грижа за раното детство;
- Основно образование;
- Средно образование и
- Стручно образование и обука.
Секоја година, Комисијата ќе дефинира тематски приоритет со кој треба да се бават проектите избрани за ЕИТА. Со оглед на настанатата ситуација со пандемијата Ковид-19 и во согласност со Акциониот план за дигитално образование, тематски приоритет на ЕИТА Наградата за 2021 година е учење од далечина (distance/blended/hybrid learning).
Победници на Европска награда за иновативна настава ЕИТА 2021
Оваа година имаше 104 добитници на Европската награда за иновативна настава од различни држави од ЕУ. Нашето училиште беше добитник на Европска награда за иновативна настава 2021 во категоријата за основно образование од нашата држава со нашиот Еразмус+ КА101 проект „Создаваме иновативна иднина“ реализиран во 2016/2017 година
На 20.10.2024 година од страна на Европската Комисија беше одржана онлајн церемонија на која беа претставени сите 104 победници. На следниот линк можете да ги погледнете видеата на сите победници.